Во Крива Паланка се одржа манифестацијата „Краиште 2015“
По повод христијанскиот празник Петровден денеска на месноста Голеш, кај селото Голема Црцорија, на тромеѓето меѓу Македонија, Србија и Бугарија се одржа трилатералната традиционална меѓународна средба „Краиште 2015“.
Манифестацијата е во организација на општините Крива Паланка, Босилеград и Ќустендил. Во рамки на маниефстацијата традиционално беше организирана културно-уметничка програма со настапи на повеќе фолклорни друштва и ансамбли од трите општини, а општина Крива Паланка се претстави со членовите на КУД „8 Октомври“.
На средбата присуствуваа градоначалниците на општина Босилеград, Владимир Захариев, на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски и претставник од локалната самоуправа на општина Ќустендил.
- Традицијата на одржување вакви средби има посебно значење за зближувањето на народите од трите страни на граничните линии, кои како да се бришат во рамките на оние 12 часа денес од 8 до 20 часот кога преминот е отворен за сите граѓани и може да се минува само со лична карта или патна исправа. Секоја година на овој ден се среќаваме со нашите пријатели до Србија и Бугарија, а граѓаните кои доаѓаат и од граничните општини, но и од разни краеви на своите земји имаат можност да се видат со своите роднини и пријатели, изјави градоначалникот Алексовски.
Тој потенцира дека денешната манифестација е со најмасовна посетеност досега, со над 3.000 граѓани, а најави дека ќе продолжи да се организира и во иднина.
Ново на Сител
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук