Во Крива Паланка промовирана збирка раскази од Каролина Алексовска

Збирката раскази „Копнежот за тебе и последната надеж“ од Каролина Алексовска беше промовирана во Центарот за култура во Крива Паланка.
Ова е прва книга на младата Каролина Алексовска од Крива Паланка.
- Со оваа промоција ја заокружуваме годинашната програма на нашиот Центар од областа на книжевната и библиотечна дејност, која покрај останатите активности во текот на годината значаен простор отстапува и на младите автори од градот. Промовиравме повеќе дела од млади крвиопаланечки поети и раскажувачи, а тоа прерасна во своевиден натпревар на млади книжевници, рече директорот на Центарот за култура Александар Рангелов.
Во збирката се содржани педесетина раскази со љубовна тематика.
Професорката по македонски јазик Лилјана Стојановска рече дека собраните прозни дела се всушност миговни лирски записи на младата и емотивна Каролина.
- Ги создаваав во краток временски период расказите, при наплив на емоции од една голема љубов, која беше моја инспирација и водилка, рече авторката Алексовска.
До крајот на 2016 година во Центарот за култура ќе се одржи концерт на класична музика на музичката паралелка при ООУ „Јоаким Крчовски“, под менторство на проф. Лариса Жулина – Митовски и новогодишна претстава за дечињата, во изведба на членовите на драмското студио, а во режија на Глигор Цветковски.
Ново на Сител
-

Зеленски: Вашингтон останува посветен на постигнување мировен договор
-

Мали ритуали - големи надежи со игрите на среќа на Државна лотарија
-

Почината жена пронајдена во езерцето во Градскиот парк во Струмица
-

Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција
-

Валц во СБ на ОН: Мадуро и неговиот наркокартел ќе бидат лишени од ресурси
-

Изборот на новите министри на денешната 75. седница на Собранието
-

Ќе се разгледуваат претставки од граѓани на седница на Судскиот совет
-

Пет важни одлуки и девет иницијативи на последната седница на Уставен суд за 2025
