-->
-->
Во Крива Паланка поднесени 631 барање за легализација на дивоградби
-->
Вкупно 631 барање се поднесени досега во Крива Паланка за легализација на бесправно изградени објекти, соопшти Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина.
Рокот за доставување на барањата истекува денеска. Според локалната самоуправа, интересот на граѓаните е огромен.
- Досега се поднесени 631 барање, а се очекува денеска да се создаде гужва ако се земе предвид интересот на паланчани, особено во изминатите два-три дена. Важно е да напоменеме дека овој рок важи за објекти од сите намени, освен за оние со земјоделска намена. Важи конкретно за сите објекти со дефинирана намена, за домување, туризам, трговија, лесна-незагадувачка индустрија, туризам, трговија,.., изјави раководителот на Одделението Добривој Николовски.
Овој рок важи за објектите изградени до 2 март 2011 година кога и стапи на сила Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Николовски информира дека досега во Крива Паланка се легализирани 600 дивоградби. Освен одобрените барања, 21 било решено негативно, а 894 се во обработка, додека 2121 барање се уште се некомплетирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи