-->
-->
Во Крива Паланка одбележан Денот на крводарителството
-->
По повод 17 Март, Денот на крводарителството, градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, приреди свечeн прием за крводарителите од oпштината. На приемот Општинската организација на Црвен Крст додели благодарнции и значки за повеќекратни јубилејни крводарувања.
- Се вели дека човекот го има само она што го дава, а зар има нешто подрагоцено од дарувањето на сопствената крв, да знаеш дека со своето доброволно дарување и давањето дел од себе во моментот кога некому му е најпотребно ќе му дадеш животна сила, истакна во обраќањето пред присутните Жаклина Цветковска, претседател на ОО Црвен Крст, Крива Паланка.
Градоначалникот Алексовски нагласи дека чест и привилегија е да се биде во друштво на најхуманите жители на општината.
- Важно за нас како општина е што крводарителството од година во година е се позастапено, покажува забележителен прогрес, секоја година се натфрла годишнито план на предвидени крводарувања, а посакувам оваа година да се достигне бројката од над 1000 дарувања, рече Алексовски.
Благодарница за несебична подршка и организација на крводарителски акции беше доделена за Полициската станица од општа надлежност, Крива Паланка, за најдобар крводарител е прогласен Моме Илиевски, најперспективен млад крводарител е Елеонора Димитровска.
Благодарници и значки добија педесетина крводарители кои во 2015 година оставариле јубилејни крводарувања. Меѓу нив, е и претседателот на комисијата за крводарителство, Свете Милановски, кој остварил 75 крводарувања.
Денеска се органзираше и прием за крводарителите од Ранковце, од страна на гардоначалникoт Момчило Алексовски, а ОО на Црвен Крст Крива Паланка додели благодарници и значки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините
-
„Ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од 6-ти кат“, виш јавен обвинител се заканувал и малтретирал пет службенички
-
Запален автомобилот на Ѓорги Галетановски - Чомбе | ВИДЕО
-
Му го запалил глисерот на брат му во Охрид, пожарот зафатил зграда и автомобил
-
Атина два дена без такси превоз
-
За една недела санкционирани 132 непрописно паркирани возила во Центар
-
Елисејска палата: Макрон ќе именува нов премиер во следните денови
-
Активен пожарот во Никуштак, екипите на терен, во кумановско вчера повеќе пожари