Во Крива Паланка одбележан 11-ти Октомври

Со полагање цвеќе на споменикот на борците од Народноослободителната борба пред зградата на локалната самоуправа на општината во Крива Паланка беше одбележан 11-ти Октоври, Денот на народното востание.
Цвеќе положи делегација од општината предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски, делегација од општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ предводена од пратеникот во Собранието на РМ Слаѓана Митовска, делегација од општинскиот Сојуз на борци и бројни граѓани.
- На овој ден се сеќаваме гордо на минатото, на сите Македонци од различни националности кои со пушка во рака се бореле и избориле за заедничката цел-слободата. На денешниот ден им благодариме за она што ни го подариле и почитувајќи ја историјата, порачувам секој ден да ги величаме оние кои ни ја дале слободата и можноста да чекориме со крената глава, рече во обраќањето Славе Јовановски, претседател на Сојузот на борци од Крива Паланка.
Полагање цвеќе и пригодна свеченост се одржа и на споменикот од НОБ во село Луке
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
