Во Крива Паланка два пожари во изминатото деноноќие
Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка во текот на изминатото деноноќие интервенираше на два пожари,од кои едниот шумски, во кој се опожарени околу шест хектари борова и дабова шума, а другиот е интервенција на патничко моторно возило.
-Шумскиот пожар што настана во селото Градец вчера е причинет од паднат електричен проводник, а во ТППЕ е пријавен во 10 часот и 54 минути. На пожарот интервенираа вкупно 13 пожарникари со три возила. Пожарот се случи во маала Петковци, опожарени се околу шест хектари сува трева, нискостеблеста вегетација, дабова и борова шума, како и две бандери. Поради силниот ветар постоеше опасност пожарот да се прошири кон куќите во селото, но благодарение на заедничката интервенција со поддршка од Јавното претпријатие Македонски шуми, ПШС Осогово кои се приклучија со десетмина вработени, пожарот беше успешно локализиран во 17 часот , а подоцна и ликвидиран, информира командирот на ТППЕ, Иле Коцевски.
Во гасењето на пожарот учествувале и четворица мештани.
-Утрово добивме дојава за запалено патничко моторно возило, на интервенцијата упативме едно возило и тројца пожарникари. Интервенцијата е на ул.„Лисец“, населба Белево, до главна трафостаница. Дојавата е примена во 5 часот и 50 минути, станува збор за патничко моторно возило марка Опел Мерива, сопственост на такси компанија од градот, додава Коцевски.
Ова е петти пожар месецов на територијата на Општина Крива Паланка. На 11 месецов пожарникарите интервенирале на запалени контејнери, додека на 9 и 10 септември гаселе шумски пожари во селото Мождивњак, место викано Бежанов рид.
Ново на Сител
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои