Во Кратово се гради паркинг простор
Во Општина Кратово се гради како никогаш порано. Изградбата на нов градски пазар е во полн ек, а деновиве започна изградбата на нов паркинг-простор на улицата „Св.Ѓорѓи Кратовски“. Топлото време не е пречка за градежна офанзива во градот на кулите и мостовите, а од неа бенефит ќе имаат како жителите, така и туристите во ова мало живописно место.
-Минатата година потпишавме договор со Министерството за финансии и претставникот на ЕУ, Аиво Орав, за грант во висина од 260.000 евра. Планирано е уредување на стариот паркинг-простор, изградба на високи ѕидови обложени со травертин, како и изградба на тротоари – истакна градоначалникот Мите Андоновски.
Покрај изгрдабата на паркингот и тротоарите, од Општината информираат дека во тек се градежни активности за асфалтирање на пат до училиштето во село Железница.
-
Оливер Арсовски
Сите содржини од овој новинар