Македонија
1. October 2016 - 17:41
Во Кратово почна 5-от меѓунаредно фестивал за етнолошки филмови
Во Музејот на Кратово денес започна петтиот меѓународен фестивал на етнолошки филмови „Кратово 2016“. На него ќе бидат прикажани 34 етнолошки филмови снимени на локации од сите страни на светот. Македонското етнолошко друштво ќе биде домаќин на автори од Индија, Франција, Чешка, Италија, Перу, Мексико и многу други земји.
Публиката ќе може да види филмови за пчеларството во Камерун, јасновитките од Србија, џоломарите од Тиквешијата и многу други етнолошки ритуали и обреди.
-
Оливер Арсовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->