-->
-->
Во ковид-центрите во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти
-->
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Од нив 500 во внатрешноста, а 325 се лекуваат во главниот град, соопшти Министерството за здравство.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болен, а во Куманово 71 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 6 во Кичево 10, Кавадарци 60, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 825 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
