-->
-->
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, а вкупно се лекуваат 469 болни
-->

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и седум во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 7 нови болни во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 23 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 16 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 9 деца и 25 возрасен.
Вкупно 469 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 60 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Соопштение до јавноста oд македонската страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања
-
Министерство за здравство: Не постои илегална вакцинација, опозициската партија шири лажни вести
-
Најмалку 30 загинати и 17 повредени при експлозија на камион-цистерна за гориво во Нигерија
-
Арсовски: Никој не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој се ги добил
-
СДСМ: Ништо не ги колеба ВМРО-ДПМНЕ да шират лажни вести, нема илегална вакцинација, нема ниту шверц на лекови
-
Приведен 46-годишен маж од Прилеп поради обљуба на малолетничка
-
СП Ракомет: Червар ја „погреши“ тактиката против Аргентина
-
ФА куп: Саутемптон за гол подобар од Арсенал