-->
-->
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваат 478 болни
-->

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на Клиниката за очни болести, додека четворица болни се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени 10 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 19 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 156 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 10 деца и 24 возрасен.
Вкупно 478 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 15 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани