Во Косово уапсени пет лица осомничени за тешки воени злосторства врз цивили Албанци во 1999 година
Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека, по неколкумесечна истрага, денеска се уапсени пет лица осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивили Aлбанци во последната војна во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на Обвинителството, петте лица во април 1999 година во неколку села на општина Гњилане, во источно Косово, на границата со Србија, убиле, раниле, киднапирале, силувале, малтретирале, мачеле и живи палеле албански цивили.
Покрај свирепите убиства, петмината уапсени се осомничени и за низа други оштетувања на објекти, како и за протерување на населението.
– По налог на Специјалниот обвинител, приведени се лицата со иницијали: Д.Ч., Д.Н., Н.С., С.Ј., М.Ш., со основано сомнение дека истите, заедно со други неидентификувани членови соизвршители од групата, вооружени и облечени во маскирни униформи и нерегуларни униформи на српската полиција или војска, на 05.04.1999 година, во раните утрински часови, презеле акција во селата Инатоц (Кокај) , Љовце, Пограга и Угљар, каде што намерно убивале, ранувале, палеле живи албански цивилни жртви, земале заложници, силувале, тепале, малтретирале, вршеле физичка и психичка тортура, ограбувале, уништувале и палеле имоти на Албанците, го протерувале албанското цивилно население и ги сквернавеле културните и верските објекти, дејствија санкционирани според локалните закони, обичаите на војување и Женевските меѓународни конвенции и Дополнителните протоколи, информира косовското Специјално обвинителство
Ново на Сител
-
Протест на земјоделците во Брисел со барање за „силен“ буџет за земјоделството
-
Кубилиус: Историските спорови не треба да се решаваат со блокирање на кандидатите за членство во ЕУ
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе