Во Колумбија запленети 5,2 тони кокаин
Повеќе од пет тони кокаин се запленети во Колумбија на границата со Панама, соопшти денеска колумбиското Министерство за одбрана.
- Воената морнарица и полицијата запленија 5,2 тони кокаим во Ураба, подрачје кое важи за „седиште“ на главниот нарко картел „Клан дел Голфо“, се наведува во соопштението.
Водач на „Клан дел Голфо“ е Дарио Узуга-Отонијел е најбараниот трговец со дрога во Колумбија. Кланот е формиран од припадници на паравиена формација на екстремната десница, кои се демобилизирани во 2006 година, На почеток кланот броеше околу 4.000 членови, но по владината офанзива покрената во 2015 година останати се околу 1.100 припадници.
САД за информација за апсење на Узуга-Отонијел нудат награда од пет милиони долари
Во Колумбија во последните три години запленети се над 200 тони кокаин во вредност од шест милијарди долари.
Колумбија е најголем светски производител на растението кока, суровина за фармацевстката индустирија и за производство на кокаин.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа