Свет
21. December 2016 - 8:27

Во Колумбија се урна транспортен авион

Петмина членови на екипажот на транспортен авион на компанијата „Аеросукре“ загинаа, а едно лице е тешко повредено, откако вчера се урна леталото во источниот дел на Колумбија. 

Авионот „Боинг 727“ кој летал на линијата Пуерто Карено - Богота се урнал три минути по  полетувањето. 

На фотографиите од местото на несреќата се гледа дека по падот авионот се запалил, јави ТАСС. 

Причината за несреќата се уште не е позната.