Во Кочанско се очекува принос од 12.000 до 14.000 тони арпа ориз
Земјоделските стручњаци од Кочанско оценуваат дека условите за вегетација на оризовата култура во изминатиот период беа речиси идеални, и најавуваат дека доколку времето се стабилизира од аспект на температурите, годинава може да се очекуваат надпросечни приноси. Вкупни приноси се очекува да се движат помеѓу 12.000 и 14.000 тони арпа од насеаните 250 хектари.
Кочанските оризови полиња постепено пожолтуваат, што значи дека културата веќе е во фаза на зреење. Она што може да се види на терен задоволува, бидејќи класот е со голем број зрна.
- Оризовата култура одлучно напредува, што е убава најава дека за десетина дена ќе имаме и жетва кај оние сорти ориз со пократок временски период на вегетација. Приносите годинава ќе бидат задоволителни, истакнува Добре Андов, од Институтот за ориз во Кочани.
Според него оправдани се покажале рестрикциите пред сеидбата на површините со ориз, кои биле преполовени. Во текот на наводнителната сезона, рече тој, се покажа дека акумулацијата Калиманци брзо се празни, бидејќи само по десниот магистрален канал летово се испуштаа максимални количини од над 11 кубици вода во секунда.
-Ниското ниво на водите во реките кои се под просекот за овој период од годината, не се доволни да ги наводнат површините покрај речните корита, а камо ли да ги наполни акумулациите, рече Андов.
Оризопроизводителите од Кочанско пред жетвата на новата реколта се загрижени за состојбите со прометот со оризот и особено со цените, бидејќи во последните месеци нема никакво позитивно поместување во таа насока.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро