Македонија
15. March 2016 - 10:54

Во Кочанско акумулациите полни, водостојот на реките намален

Водостојот на реките Брегалница, Кочанска и Оризарска во делот на Кочанско е намален и тие се повлекоа во своите речни корита. Вода од излеаните реки се уште има во атарите на селата Грдовци, Мојанци, Долни Подлог, Чифлик и Чешиново, но се повелкекува во одводните канали, изјави Благој Николов од Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани.

Од општина Кочани соопштуваат дека локалниот пат Долни Подлог-Облешево, кој во изминатите четири дена беше прекинат за сообраќај поради надојдените атмосверски води, од денеска е оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила.

И патниот правец од Облешево кон село Теранци, кој од надојдените води на река Брегалница четири дена не беше во употреба, од изутринава е пуштен за сообраќај.

Директорот на Водостопанство Брегалница Николчо Гоцев, истакна дека дотокот на вода во акумулациите Калиманци и Градче од синоќа е намелен. Во Калиманци дотокот на вода е симнат на 54 метри кубни, а во Градче на 4,4 метри кубни, но и двете акумулации се на прелив.