Македонија
10. March 2016 - 13:11

Во Кочани заштеда на уличното осветлување од 60 отсто

Ефектите од замената на обичните со современи лед светилки на улиците во градот Кочани и на дел од населбата Оризари, се двојно зголемени. Општина Кочани со информација за заштедата на електричната енергија кај уличното осветлување кое граѓаните го плаќаат на сметките на ЕВН.

- Со проектот се набавени 2.795 енергетски штедливи лед светилки, од кои 2.608 се поставени низ улиците на градот и населбата Оризари, додека останатите 187 светилки се оставени како резерва  за замена и за новите улици во новите населби во градот. За оваа инвестиција општина Кочани вложи средства во висина од  52 милиони и 500 илјади денари средства кои ги обезбеди од соптвениот буџет, истакна градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Заштедата од замената на уличните светилки е голема. Од октомври до декември минатата година се исплатени средства во износ од 2.296.971 денари, а за истиот период од октомври до декември 2014 година се исплатени двојно повеќе средства во износ од 4.290.970 денари.

Според  Димитровски, со замената на 2.608 светилки постигнатата е заштеда на електричната енергија во градот заедно со селата повеќе од 40 отсто, додека само во градот заштедата изнесува повеќе од 60 отсто.