Во Кочани во две крводарителски акции собрани 65 крвни единици
Општинската организација на Црвен крст Кочани за оваа календарска година планира да бидат собрани 1.320 крвни единици, во 26 акции, од кои 12 во просториите на Црвенит крст, а 16 акции на терен, во месните заедници, училиштата и компаниите.
- Во денешната втора акција од годинава која беше реализирана во просториите на Црвен крст Кочани, крв даруваа 44 граѓани,од кои десетмина првпат станаа крводарители. Меѓу дарителите на крв кои денеска даруваа дел од својата драгоцена течност беа и рекордерите Димитар Велков, Драгољуб Арсов, Коце Коцев, Ацо Ангелов и Петар Делчев, кои имаат дарувано по 100 односно над 150 пати крв, изјави Анета Коцева,секретар на ОО на Црвен крст Кочани.
Од почетокот на годината заедно со денешната се реализирани две крводарителски акции во кои се собрани 65 крвни единици.
Ново на Сител
-
Блумберг: Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната
-
Зеленски: САД треба да ја убедат Русија да го прифати прекинот на огнот
-
Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика
-
Тетовчанец приведен за подметнување на пожар
-
Макрон: Франција истовремено треба да се бори со геополитичките и терористичките закани
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец