Во Кочани одбележан Денот на крводарителството

Општинската организација на Црвениот крст од Кочани со средби со крводарителите и со крводарителска акција го одбележа 17 март, Денот на крводарителството во Република Македонија.
- Акција за доброволно дарување на крв е реализирана меѓу вработените од КЈП „Водовод“ каде крв дарувале 25 лица. Градоначалниците на општините Кочани и Чешиново Облешево, Ратко Димитровски и Костадин Личков одржаа средба со повеќекратни крводарители од нивните општини, изразувајки ја подршката на општините кон овие хумани луге, изјави Анета Коцева, секретар на Општинската организација на Црвениот крст во Кочани.
На планот на крводарителството, истакна Коцева, општината Кочани минатата година планот го исполни со 86 отсто со реализирани 1.170 крводарувања во 21 акција.
Додаде дека за годинава се планирани 22 акции и се очекува да се соберат 1.358 крвни единици. Од почетокот на годинава, досега, во пет акции крв дарувале 208 граѓани на Кочани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
