Во Кочани и Виница за гласање пријавени 173 болни и изнемоштени лица
Правото на глас денеска во Кочани ќе го искористат 92 болни и изнемоштени лица, чии барања за гласање од дома се прифатени од страна на Општинската изборна комисија–Кочани.
Претседателката на ОИК-Кочани Марија Гоцева, информира дека во Кочани има 62 избиорачки места со вкупен број на запишани граѓани со право на глас 33.264.
- За овие локални зибори бројот на избирачките емста е намален за едно и тоа во населеното место Речани. Гласачите од таму се пренасочени да гласаат во населеното место Костин Дол, рече Гоцева.
Во општина Виница, според претстедателот на ОИК Ацо Ѓоргиев, денеска ќе гласаат 81 болно и изнемоштено лице, чии барања се прифатени од ОИК на Виница. Во оваа општина ќе се гласа на 33 избираччки места со вкупен број на гласачи 17.354.
Ново на Сител
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир