Во Кина уапсени лекари кои краделе и препродавале органи од жртви на сообраќајни несреќи
Шест лица, главно лекари, денеска се уапсени во Кина заради кражба на органи од починати пациенти, јавија локалните медиуми.
Криминалната група ги излажала семејствата на починатите, кажувајќи им дека ги користеле нивните органи за да им помогнат на болни на кои им е потребна трансплантација на органи, соопшти Би-Би-Си
Истрагата утврдила дека меѓу 2017 и 2018 година тие отстраниле црн дроб и бубрези од 11 лица во болниците во провинцијата Анхуи.
Во Кина има многу лица кои се наоѓаат на списоци за чекање органи, и на државата и е тешко да најде доброволни донори, додава Би-Би-Си.
Според локалните медиуми, со трговијата со органи се занимавале четворица високи позиционирани лекари, кои работеле во оддели за донирање органи во болниците.
Тие главно краделе органи од жртви на сообраќајни несреќи, кои имале сериозни повреди на мозокот, додека другите органи им останале неоштетени. Потоа шефот на Оделот за интензивна нега, доаѓал кај семејствата и ги прашал дали се согласуваат да ги донираат органите на починатиот, на што некои семејства дале писмена согласност.
Телата на починатите потоа во текот на ноќни часови биле изнесувани од болниците и биле ставени во комбе, што било префарбано во брза помош, а потоа на непознати локации им биле вадени органите и подоцна во тајност им биле продавани на поединци или болници.
Криминалната група била откриена кога синот на една од жртвите се посомневал во сервираната приказна.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава