Во Кина регистриран уште еден пациент заболен од чума

Кинеските власти денеска соопштија дека е потврден трет случај на чума во земјата. Болеста е дијагностицирана кај маж кој убил и изел див зајак.
Кај 55-годишниот маж од руралната област Шилингол дијагностицирана е бубонска чума и тој е во болница во градот Хуаде. Според болнички извори со заразениот контакт имале 28 лица, поради што и тие се сместени во карантин, но ниту еден од нив нема симптоми на чума.
Кај две лица од истата област на 12 ноември дијагностицирана е пневмонична чума и се хоспитализирани во Пекинг.
Во април две лица починаа од чума што ја добиле откако јаделе суров бубрег од мрмот, што по традиција се смета дека го подобрува здравјето.
Чумата може да биде смртоносна во 90 отсто од слуачите ако не се лекува, првенствено со различни видови антибиотици.
Ново на Сител
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
