Во Кичево се одбележа Денот на АРМ
Со воена свеченост денеска во касарната „Чеде Филипоски - Даме“ во Кичево, беше одбележан Денот на АРМ 18 Август. На одбележувањето присуствуваа претставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата, како и правни и физички лица со кои оваа единица има соработка.
Пред присутните во Кичевската касарна се обрати заменик Командантот на 4. механизиран пешадиски батаљон потполковник Горан Трајаноски, кој рече дека денес по 26. пат се одбележува Денот на Армијата на Република Македонија, и со задоволство можеме да истакнеме дека како припадници на гарнизинот во Кичево како дел на АРМ, горди сме на нашите резултати.
- Убедени сме дека во иднина ќе продолжиме по патот на трансформацијата која покрај другото ќе обезбеди повисок квалитет на обуката, на животот и на работата на единицата и исполнување на барањата на стандардите на НАТО кои се приоритет за нас припадниците на АРМ. Овој ден за нас припадниците на АРМ е од посебно значење, ден кој кај секој искрен и чесен граѓанин на ова македонско парче земја ги буди емоциите и ги тера да се наврати назад во времето на пркосот и непокорот, во времето на Илинден, во времето на формирањето на македонската државност. Со гордост се потсетуваме на тоа славно време, враќајќи се низ бурната историја на македонскиот макотрпен народ се навраќаме и на времето на НОВ, истакна Трајкоски.
Во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ се реализира и тактичко-технички збор на кој присутните гости посебно лицата од помладата популација присутни на ова одбележување имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата со кои се опремени припадниците од гарнизонот во Кичево.
Ново на Сител
-
Обвинетиот за нападот врз Арсовска тврди дека е тој жртва, го удрила со нога
-
Обвинение за нападот на млади фудбалери
-
Почнуваат активностите за третата фаза од пругата кон Бугарија
-
Владата ќе формира ресурсен центар кој ќе ги помага општините кои немаат капацитет да аплицираат за проекти
-
Кандидатите за Скопје и Чаир со ветувања за јавен транспорт, хигиена и спортски објекти
-
Тројца повредени од трагедијата во Пулс се уште во болница
-
Стојаноски: Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку 7 со СДС, а инфлацијата е 30% помала
-
Стабилна безбедносната состојба во Охрид