Бизнис
10. September 2015 - 14:12

Во Кичево Балкански саем за мед и пчеларство

Кичево од денеска до 12 септември ќе биде домаќин на Првиот балкански саем за мед и пчеларство на кој учествуваат пчелари од Албанија, Србија, Косово и Македонија. 

Саемот е во организација ЗЗП Виножито од Кичево под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и општина Кичево.

- На овој прв Баллкански саем, кој воедно е трет Национален саем за мед и пчеларство, на градскиот плоштад во Кичево ќе биде изложен природен мед, прополис, природни кремови, матичен млеч и пега, изјави Коста Галиманоски, претседател на ЗЗП Виножито.

Тој посочи дека покрај ЗЗП Виножито од Македонија учествуват и пчелари од Прилеп, Битола, Демир Хисар и Македонски Брод.

Најави дека в недела во ремките на саемот е предвидено на градскиот плоштад да се одржи концерт и да се обрати градоначалникот Фатмир Дехари.