Во Келн уапсен тинејџер бегалец осомничен за тероризам
Германските специјални полициски сили вчера вечер во Келн уапсиле сириски бегалец којшто имал врски со терористичката група „Исламска држава“.
Според германските власти, уапсениот е на возраст од 16 години и претставувал сериозна закана. Оперативните сознанија на безбедносните служби укажуваат дека тој планирал да изврши бомбашки напад во кој би загинале голем број цивил, јавуваат германските медиуми.
Сирискиот тинејџер бил уапсен во центарот за бегалци во населбата Порц во Келн каде што живеел. Според полицијата во Келн во неговата кореспонденција на социјалните мрежи тој покажал подготвеност да ги следи насоките дадени од ИД при што добил многу конкретни инструкции како да направи бомба, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Случајот го следел тим од 35 оперативци на германските служби, а истрагата покажала дека уапсениот го немал потребниот материјал да направи бомба и дека тој неодамна бил радикализиран од страна на ИД.
Пред да биде уапсен сирискиот тинејџер три пати бил испрашуван од полиицијата по дојави од социјалните работници и други бегалци кои што пријавиле дека момчето се радикализира. Во Германија дошол со семејството во 2015 година од Дамаск кадешто неговите родители биле универзитетски професори.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Студено и магливо утро, преку ден сончево
-
Жител на кривопаланечко село пријавил физички напад од сопругата
-
Без вода утре корисници од ул. „Џон Кенеди“ бр. 2, со намален притисок Топаанско поле
-
Отворен Ски центарот ,,Михајлово"
-
Во Холандија убиено 14-годишно момче, повеќе од 200 уапсени
-
Осомничениот за пукањето во Њу Орлеанс е убиен
-
Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници