Свет
11. February 2017 - 14:31

Во Казахстан уапсени 15 терористи кои подготвувале напади

Казахстанскиот Комитет за национална безбедност соопшти денеска дека во специјалните операции изведени минатиот месец во регионот Алмати, уапсени се 15 лица.

Операциите се спроведени во периодот меѓу 13 и 24 јануари.

Комитетот на својата интернет страница наведува дека уапсените се осомничени за учествување во пропагирање тероризам и планирање терористички дела, пренесува ТАСС