Во Кавадарци се одбележува 100-годишнината од раѓањето на Димката Ангелов-Габерот
Кавадарци денеска одбележува 100 години од раѓањето на Димката Ангелов Габерот.
Историчарот Петре Камчевски изјави дека станува збор за една од најзначајните личности од поновата историја на целиот Тиквешки крај. По тој повод, бројни делегации положија свежо цвеќе пред неговата спомен биста во „Паркот на слободата и револуцијата”.
- Неговото име е толку длабоко врежано во свеста и паметењето на луѓето од овој крај, што тој прерасна во вистинска легендарна личност. Со ова му оддаваме почит на еден од великаните na Народноослободителната борба и револуционерното движење во Тиквешијата од 1941 до 1945 година, нагласи Камчевски, кој е директор на Кавадаречкиот музеј.
Вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи свечена академија со пригодна културна уметничка програма.
Ново на Сител
-
Фатени крадци на дело во неготинско
-
Бројот на повредени во нападот врз Харков се зголеми на 21
-
Приведен насилникот кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“
-
НБА: Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл
-
Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб
-
Кејн: Фудбалерите немаат збор за одредување на календарот, но никогаш нема да одбијат да играат за трофеи
-
Лилард надвор од терените на неодредено време
-
Бразил повторно му ја нуди селекторската позиција на Анчелоти