Во Кавадарци пуштена во употреба нова училишна спортска сала
Во Кавадарци денеска беше пуштена во употреба новоизградена училишна спортска сала во Основното општинско училиште “Тоде Хаџи Тефов”, 56 години по отварањето на оваа воспитно образовна установа.
- Се работи за училиште со голема традиција на квалитетен наставен кадар и голем број на успешни ученици, рече директорот Никола Нешковски.
Појасни дека реновирани се и спортските терени, со што учениците имаат целосен комплекс за наставата по физичко и здравствено образование.
- Во 21. век младите постојано се изложени на опасност од најразлични пороци кои се огромен проблем за градење успешна иднина. Токму ваквите услови за развој на психофизичкиот развој преку спортот, се најдобра алатка за избегнување на пороци, нагласи Нешковски.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека е штета што некои училишта се уште немаат спортски сали. Изрази надеж дека во наредниот период заедно со Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт, ќе се успее сите училишта во општината да добијат сали за спортски активности. Ќе се настојува исто така да се обезбедат и други слични објекти.
- Општина Кавадарци е на вистински правец, оваа година имаме запишано повеќе првачиња со 10 проценти од претходната година,тоа е еден добар податок, од душа да кажеме дека имаме поголем наталитет и поголем развој во општината. Исто така, овие ученици кои имаат завршено деветто одделение кои ги запишуваат во средните училишта се исто така со поголем број, тоа значи дека и од другите соседни општини имаме запишано ученици овде, нагласи Јанчев.
Ново на Сител
-
Протест на Кулакови против пресудата на Обвинителството
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?