Во Кавадарци почнува „Тиквешки гроздобер 2016”
Со целовечерен концерт посветен на доајенот на македонската народна песна Никола Бадев, вечерва во Кавадарци започнува манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2016”. На денешната прес конференција, градоначалникот на Кавадарци Александар Панов информираше за настаните кои ќе бидат дел од гроздоберот во наредните три дена.
- Ги повикувам сите заинтересирани да дојдат во Кавадарци, бидејќи организираме едно празнување за душата. На симболичен начин ја одбележуваме вековната традиција на овие простори. На 40 годишнината од смртта на најубавиот глас на Балканот, манифестацијата ја започнуваме токму во чест на Бадев, соопшти градоначалникот.
Утре на програмата е изложбата во музеј галеријата, посветена на чаршијата во Кавадарци, некогаш и сега, од авторите Петре Камчевски и Димитар Мурџев. За забавата во вечерните часови ќе бидат задолжени „Фолтин“ и „Рибља чорба“.
Во кабинетот на градоначалникот Панов утре ќе бидат примени над 20 делегации со претставници на забратимени или пријателски градови на Кавадарци. По винскиот карневал, свој настап ќе има групата „Парни ваљак“. В недела е детскиот карневал. Градоначалникот најави и други настани, притоа изразувајќи надеж, дека тие ќе ги задоволат различните вкусови на гостите кои ќе дојдат во Кавадарци.
- Очекуваме минимум околу 50 илјади посетители да дојдат во градот. Во винскиот карневал, покрај домашни карневалски поставки, ќе имаме учесници од неколку други земји. Годинава прв пат имаме и награди за најдобрите кавадаречки маски кои ќе бидат во духот на гроздоберот. Илјада и петстотини евра за прво, илјада за второ и петстотини евра за трето место. Симболични награди ќе има и за останатите натпреварувачи. За најдобрите ќе одлучува специјално непристрасно жири. Во него освен претставник од општината, ќе има по еден словенец и еден струмичанец, рече Панов.
На градскиот плоштад веќе се поставуваат штандовите на кои ќе се консумира и продава грозје и производи од грозје. Неколку винарии ќе го претстават своето производство.
Стопанско туристичката и културна манифестација е во организација на Локалната самоуправа Кавадарци и компанијата Пиволенд, која во името на општината е избрана за организатор настаните.
Ново на Сител
-
Македонката Наташа Соврановски која исчезна во Германија е пронајдена мртва
-
АХВ: Спроведени вонредни контроли и во Кавадарци
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците
-
Лавров: Блискиот Исток е на работ на тотална војна
-
Знаци што телото ги праќа ако се внесува премногу додаден шеќер
-
Австралијката МекКион постави светски рекорд на 100 метри грбно
-
Трет пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони
-
Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи