Во Кавадарци изложба на икони од Соња и Златко Лечковски
Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци синоќа беше отворена изложба на икони од авторите Соња и Златко Лечковски, ликовни уметници и зографи.
Говорејќи за нивниот живот и дело, актерот Акександар Малинков посочи дека станува збор за мошне интересна изложба, која е во рамки на традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен".
- Темата е православни христијански икони. Станува збор за квалитетни и вредни автори кои сликаат икони и јас се надевам дека и во наредните денови оваа изложба ќе биде посетена, додаде Малинков.
Пред присутните, меѓу кои и свештени лица ид МПЦ- ОА, се обрати и ликовниот уметник и зограф Горан Боев, кој изрази задоволството што е дел од оваа несекојдневната изложба.
- Ова сликарство покрај ликовната димензија има и нешто многу поважно во него, а тоа е духовната димензија. Иконата претставува одраз на светот кој ние со нашето материјално око не можеме да го видиме, рече Боев.
Интересот за уметноста и живописувањето кај нив се јавил уште во најраните години. Во Битола и се придружиле на групата млади уметници во ателјето при храмот на Пресвета Богородица, кај двајцата еминентни живописци Ристо Димовски и Никола Крнчев, чие творење е под влијание на русинот Иван Мелников. Досега неколкупати самостојно имаат изложувано во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, како и учествувано на многубројни групни изложби. Нивни дела освен во Македонија, можат да се видат низ европските земји, како и во Австралија и Америка.
Живеат и создаваат во Битола, а во моментов го изработуваат живописот во неколку помали локални цркви во Битолско.
Ново на Сител
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно