Во Кавадарци изложба на фотографии од Гордан Ристовски-Гого
Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци, синоќа беше отворена изложбата на фотографии од Гордан Ристовски-Гого. Станува збор за кавадарчанец кој дваесетина години живее во Швајцарија, член на Фото Сојузот на Македонија и Јужнословенскиот културен форум во Цирих.
- Кавадарци многу пати досега се докажува како град на културата, рече директорот на културниот дом, Владимир Темков.
Авторот има учествувано на повеќе групни изложби на фотографии. Пред три години исто така имаше самостојна изложба на фотографии во родниот град.
- Една фотографија кажува илјада зборови. Во денешно време кога светот преку интернет е преплавен со милијарди фотографии, имаме чувство дека се е видено, но фотографијата на хартија секогаш ќе биде како круна на секое фотографирање, истакна Ристовски.
Изложбата ќе биде отворена наредните девет дена. Настанот е покриен од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид