Македонија
9. May 2017 - 8:30

Во Карпош одбележување на празникот „Испраќање на Ѓурѓовден“

Општина Карпош денеска традиционално ќе го одбележи големиот празник на Ромите „Испраќање на Ѓурѓовден“.

Локалната самоуправа по седми пат ќе организира дружење на 760 граѓани-Роми од Карпош на локалитетот кај Амфитеатарот на кејот на реката Вардар.

Локалната власт ќе организира празничен излет со музичка програма и пригоден оброк за присутните.

На свечената манифестација што ќе се одржи попладне на присутните граѓани празникот ќе им го честита градоначалникот Стевчо Јакимовски.