Македонија
31. October 2021 - 19:28

Во Карпош, Центар и Чаир одѕивот поголем отколку во првиот круг

 Со исклучок на Шуто Оризари, во останатите скопски општини каде што денеска се гласаше за градоначалник во вториот круг од локалните избори, излезноста е поголема во однос на првиот круг.

Според податоците на ДИК од обработени 98,04 проценти избирачки места, до 18:30 часот, најголем е одѕивот во Карпош 53,50 отсто, што е за 3,72 проценти повеќе во однос на првиот круг кога беше 49,78.

Во Центар излезноста е 51,16, а пред две недели беше 48,10.

Во Чаир на гласање до 18:30 излегоа 44,73, а на 17 октомври 43,05.

Само во Шуто Оризари се бележи помал одѕив. До половина час пред затворањето на избирачките места гласаа 32,81 отсто, а во првиот круг излезноста беше 33,31.