Свет
30. July 2017 - 9:27

Во камион-ладилник во Франција пронајдени 26 мигранти

Француската полиција во еден камион-ладилник во северниот пристаништен град Денкерк пронајде 26 мигранти, меѓу кои и еден двегодишно дете. 

Во полициското соопштение се посочува дека мигрантите имале за цел илегално да го преминат каналот Ла Манш и да влезат во Велика Британија.

Француската служба за вонредни состојби информира дека кај детето биле утвредени симптоми на хипотернија и тоа заедно со неговата мајка, по потекло од Иран, веднаш биле пренесени во болница.