Во кафеани во Тетово и во Гостивар приведени македонски и странски државјанки
Полицијата во Тетово и во Гостивар синоќа извршила контроли во два угостителски објекти во Тетово и во Гостивар при што затекнала и привела шест странски државјани и шест македонски државјанки, кои ги забавувале гостите.
Првата контрола е извршена во периодот од 23.50 часот синоќа до 01.25 часот после полноќ од страна на полициски службеници од СВР Тетово во угостителски објект на улица ,,Коле Неделкоски“ во Тетово, сопственост на Б.М. (36) од Тетово.
- За време на контролата во објектот биле затекнати четири странски државјанки и една државјанка на Република Македонија како ги забавуваат гостите. Сите лица биле приведени во полициска станица, а М.Д. (27), Л.А. (30), Ф.Т. (24) и С.Н. (30), сите од Република Албанија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, биле задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.
Втората контрола била извршена ноќеска од 02.30 до 03.00 часот, од полициски службеници од Полициската станица Гостивар во угостителски објект во с.Равен, гостиварско, сопственост на гостиварецот Ј.А..
Според МВР, за време на оваа контрола во објектот биле затекнати две странски државјанки и пет државјанки на Република Македонија како ги забавуваат гостите. Сите лица биле приведени во полициска станица, а В.Д. (21) од Република Албанија и М.Р. (27) од Република Србија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Матични се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови
-
Ердоган: Духот на ОН во Газа е мртов, Израел е закана за целото човештво
-
Вкупните здравствени трошоци во 2022 пониски за 1,4 отсто во однос на 2021 година
-
Од утре времен режим на сообраќај на патот од Кокино до село Арбанашко поради градежни активности
-
Нови претреси во Парламентот на ЕУ
-
Приведен измамник, спроведен за издржување на затворска казна
-
Дамјан Марковски од Скопје тргна пеш на поклонение до Манастирот Острог
-
Управниот суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт на решението на ДИК за прегласувањето во Желино