Во јуни зголемени цените на индустриските производи на годишно ниво

Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, останале непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 3,2 процента на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
На странските пазари продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни годинава се пониски за 1,1 процент на месечно ниво, а се повисоки за 6,4 проценти на годишно ниво.
Во јуни во споредба со мај годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење камен“ за два процента, а се повисоки во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,2 процента и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,4 проценти.
Според статистичките податоци, во јуни годинава во однос на јуни лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 14,8 проценти, во „преработувачка индустрија“ за 2,3 проценти, а за 1,1 процент во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.
Ново на Сител
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
