Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот

Во северна Грција за 1,8 степени, на југот, на Крит за 0,2 степени била повисока температурата во текот на јуни годинава, споредено со просечните температури во периодот 2010-2019 година, а во целата земја, минатиот месец биле измерени температури над просекот, јави дописничката на МИА од Атина.
Според мрежата од 53 метеоролошки станици на порталот Метро на Националната опсерваторија во Атина, која работи непрекинато од 2010 година, јуни 2026 година се карактеризирал со повисоки од вообичаените вредности на просечната максимална дневна температура во сите региони на земјата во споредба со просечната вредност на периодот 2010 – 2019.
Најголемо е зголемувањето на температурата во северна и североисточна Грција, за 1,8 степени и северозападниот и западниот дел на земјата, за 1,4 степени.
На Пелопонез била за 1 степен повисока, додека во централна Грција и поширокиот регион на Атина за 0,8, односно 0,6 степени.
Најмало е зголемувањето (за 0,2 степени) на островите во Егејското море, вклучително и Крит.
Во Северна Грција, јуни 2026 се рангира како четврти најтопол јуни во периодот 2010 – 2026. Во Западна Грција, Јонското Море и на Пелопонез, се рангира како шести најтопол, во Тесалија и на островите во Егејското море и Додеканезите е седми најтопол, додека во централна Грција и на Крит како осми и десетти најтопол јуни, пишува во анализата на порталот Метео.
Во однос на Атина, просечното месечно отстапување на максималната температура било 0,4, при што 17 од 30 дена во месецот биле со температури над нормалните вредности за сезоната.
Во Солун, 16 дена од јуни биле со температури над просекот, а просечното отстапување на максималната температура било 0,1 степен во однос на нормалните вредности.
МИА
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
-

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10
-

„Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ ја тужат Калифорнија: Не сакаат ограничувања за деца под 16 години
-

Во Владата панел дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 - напредок и реформи“
-

Путин, Трамп и Украина: Се подготвува договор што може да ја опфати цела Европа
-

Шпанија ѝ доделува нова воена помош на Украина во вредност од 437 милиони евра
-

Масакр во Турција: Осум лица убиени, убиецот е во бегство
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
