Во јули пад од 9,5 проценти на индустриското производство на месечно ниво
Пад од 9,5 проценти на индустриското производство во јули годинава во однос на јули лани регистрира Државниот завод за статистика. Во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани индустриското производство е намалено за 3,8 проценти.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јули годинава во однос на јули минатата година, бележи опаѓање од 36,1 проценти, во Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,5 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јули годинава, во однос на јули минатата година, бележи опаѓање кај енергија за 10,7 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 9,1 процент, капитални производи за 17,4 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 37,3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
