-->
-->
Во јавноста се појавија порно снимки, а девојката од срам се самоуби
-->

Тицијана Кантоне (31) од Наполи изврши самоубиство, а како што наведуваат тамошните медиуми, нејзината смрт се поврзува со појавата на снимките од секс кој се објавени на интернет. Покрената е истрага по повод овој трагичен случај.
На снимката е забележано како во пролетта 2015 година е прикажано како оваа Италијанка се задоволува со својот сексуален партнер. Таа го сними овој чин со својот нов дечко за да и го испрати видеото на својот поранешен партнер.
Локалниот тужител Франческо Грело отвори истрага по повод нејзиното самоубиство кое уследи година дена откако фотографиите и снимката се појавија на Фејсбук, Whats App и другите социјални мрежи.
Пријателката на девојката Тереса Петросино изјави дека снимката буквално ја уништила, како што пренесува „Кориера дела Сера“.
Таа била изложена на јавно понижување и исмевање на социјалните мрежи, па се сомнева дека тоа бил прекидачот за нејзината конба одлука. Јутјуберите го користеле нејзиното цело име и презиме во пародиите, што се смета за една од причините за трагедијата.
Погледнете ги снимките:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
