Во Јапонија половина од населението до 34 годни никогаш немале секс

Oсвен намалениот наталитет и недоволно големата имиграција, Јапонија има проблем и со голем број луѓе кои не се во никаква врска, а голем е процентот на оние кои никогаш немале сексуални односи, пишува „Индепендент“.
„Јапонија Тајмс“ објави истражување меѓу лицата меѓу 18 и 34 години кое покажа дека неверојатни 70 отсто од мажите и 60 отсто од жените од тоа население кои не се во брак, исто така, не биле ни во врска, туку живаат сами.
Но, податоците кои шокираат се дека 42 отсто од мажите и 44,2 отсто од жентие во таа земја никогаш немале сексуални односи.
Тоа истражување на секои пет години го спроведува Јапонскиот национален институт за населението и социјална безбедност, а таа организација забележала загрижувачка мода, мажите и жените се помалку имаат сексуални односи.
Во 2010 година кај населението на возраст од 18-34 години во сексуални односи се уште не стапиле 36,2 отсто од мажите и 38,7 отсто од жените, а сега тие бројки се шест пати поголеми.
Ново на Сител
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
-

Германија лани потрошила 198 милијарди евра за образование
-

Природниот гас меѓу потреба и ризик: Како новата инфраструктура ја менува енергетската слика на Македонија?
-

Почна гласањето за „Приказната за Силјан“: Филмот на Тамара Котевска во трка за престижно меѓународно признание
