Во Јапонија нагло опаѓа продажбата на цигари
Трендот на пад на продажба на цигари во Јапонија, во период помеѓу 2011 и 2019 година, коренсподира со растот на продажбата на уредите кои го загреваат, а не го горат тутунот (ХТП), укажува стручната студија на американски истражувачи од Јужна Каролина и од Канада.
Резултатите од последното истражување кое е направено овој месец укажуваат на поврзаноста на драстичниот пад на продажбата на цигари во Јапонија од 2016 година наваму со растот на продажбата на ХТП уредите.
Автори на студијата се Мајкл Камингс и Џорџ Нахас од Медицинскиот универзитет во Чарлстон од Јужна Каролина и професорот Дејвид Свинор од канадскиот Универзитет во Отава, кои во истражувачката работа користеа податоци од Институтот за тутун во Јапонија и извештаите на тутунскиот гигант „Филип Морис“.
Како што наведуваат авторите, замената на цигарите со ХТП уредите има голем потенцијал да ја поттикне стратегијата за намалување на штетата во однос на последиците од долгорочното пушење цигари. Јапонија е иницијално подрачје за продажба на уреди базирани на оваа иновативна технологија, а на тој пазар компанијата „Филип Морис“ во 2014 година го претстави IQOS, а две години подоцна се појавија и уреди на други производители базирани на технологијата на загревање на тутунот.
Според досегашните анализи, Јапонија моментално е најразвиен пазар, според бројот на корисници, на технологијата на несогорлив тутун.
Резултатите од оваа студија покажуваат дека меѓу 2011 и минатата година, севкупната продажба на класични цигари се намалила за 38 отсто. Конкретно, продажбата на цигари побавно, но стабилно опаѓала во текот на четири години од анализираниот период – од 2011 до 2015 година.
Во последните пет години, пак, цигарите драстично помалку се пушат додека бројот на корисници на ХТП уреди расте, што истражувачите ги наведува на заклучок дека забрзаниот пад на продажба на цигари во Јапонија од 2016 година наваму одговара на воведуањето и растот на продажбата на овие уреди.
Студијата на американските и канадските истражувачи е објавена во швајцарското списание МДПИ, кое ја поддржува научната заедница. Резултатите од оваа студија во голема мерка се базираат на поранешните истражувања на истата тема спроведени од страна на Американското друштво за борба против ракот, објавени минатата година во Бритнското медицинско списание за контрола на тутунот.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот