Бизнис
9. March 2017 - 13:00

Во јануари зголемен бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани е зголемен за 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот „рударство и вадење камен“ бројот на работниците во јануари годинава, во однос на јануари лани има пораст од 1,2 проценти, во „преработувачката индустрија“ пораст од 0,4 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 0,7 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари минатата година, бележи пораст кај „енергија“ за 0,6 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 2,4 проценти, „капитални производи“ за 5,5 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 4,3 проценти, а опаѓање кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 2,2 процента.