-->
-->
Во јануари повеќе туристи и ноќевања
-->
Во јануари годинава во Македонија се евидентирани 38.162 туристи и 78.667 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 16,3 отсто, а на ноќевањата за 20.2 отсто. Кај домашните туристи зголемувањето е 14,8%, а кај странските 17,5 проценти.
Во јануари се регистрирани повеќе ноќевања кај домашните туристи за 27,7, а кај станските за 13,6 отсто.
Бројот на туристите во јануари 2016 година, во однос на претходниот месец, е намален за 5,4 процент, и тоа кај домашните за 0,7, а кај странските за 8,6 отсто.
Вкупниот број на ноќевања, пак, е зголемен за 1,6 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 9,6, а кај странските намалување за 5,1 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера