Во изолација ученици и деца од градинка во Гевгелија
Коронавирусот почна да влегува во училиштата и детските градинки на територијата на Општина Гевгелија.
Градоначалникот Сашо Поцков по седницата на штабот за заштита и спасување информира дека во основното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, во консултација со епидемиолог, едно одделение е во изолација.
– Во основното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија,во консултација со епидемиолог,едно одделение отиде во изолација.Во основното училиште во Миравци една наставничка,и покрај тоа што не е позитивна на Ковид-19,остана во превентивна самоизолација,а во училиштето во Негорци еден наставник е во изолација но образовниот процес со физичко присуство на учениците продолжува нормално, рече Поцков.
Тој истакна дека згрижувањето на децата во детските градинки се одвива строго според донесените протоколи за работа, но и таму поради едно заболено дете од градинка во Гевгелија, во изолација заминаа негувателката, воспитувачката и целата група составена од 15 дечиња.
Поцков апелираше до граѓаните дисциплинирано да ги применуваат мерките за заштита од ширење на вирусот, донесени од Владата и Министерството за здравство, особено оние за лична и колективна заштита, како и одржувањето на социјална оддалеченост.
Ново на Сител
-
Ангелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето е делумно намалено
-
Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници
-
Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов
-
По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот
-
Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди источниот брег на Камчатка
-
САД ветија дека ќе ја заштитат територијата на НАТО по нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Вучиќ: Сакам избори во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија
-
Сончево и топло, од утре дожд