Во изминатото деноноќие приведени три лица за управување со возило под дејство на алкохол

На 27.08.2025 во 22:55 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ц.Т.(61) од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,65 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица Велес. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Денеска (28.08.2025) во 02:10 часот на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода Г.П.(42) од Росоман. Истиот, околу 01:50 часот управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во полициска станица Велес и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Денеска (28.08.2025) во 00:35 часот на ул.„Маршал Тито“ во Демир Капија, полициски службеници од Полициска станица Демир Капија, го лишиле од слобода Д.Н.(44) од Демир Капија. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со демиркаписки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,31 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил ислучен од сообраќајот и задржан во полициска станица Велес. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
-

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев со одренот “Илинден 1903”
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
