Во изминатото деноноќие не е издадена ниту една потврда на мигранти
Во изминатото деноноќие не се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од почетокот на годинава издадени се потврди на 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се мажи, 19.617 жени, 34.399 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.
Во текот на вчерашниот ден не се поднесени ниту нови барања за признавање право на азил. Такви барања од почетокот на годинава до Секторот за азил има од 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан),врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Ново на Сител
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата