Во изминатото деноноќие 28 пожари, активни се три
Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се пет, а 20 се изгаснати.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, друг крак кон село Градешница во општина Новаци и трет крак кон границата со Грција.Од ЦУК велат дека не се интервенира поради детонации.
Активен пожар има и во селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп, како и во Галиште и Трстеник во општина Кавадарци.
Под контрола се пожарите во селото Грешница, помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа во општина Македонски Брод, помеѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип, во селото Јунузлија во општина Карбинци, како и селото Ќосевица во општина Македонска Каменица.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите