Во изминатите 24 часа избувнале 56 шумски пожари во Грција
Од петокот во 19 часот заклучно со вчера, исто така до 19 часот, во Грција избувнале 56 шумски пожари во кои интервенирале 693 пожарникари со 273 возила, 21 пешадиски тим и авиони и хеликоптери, а помагале 88 волонтери со 27 волонтерски возила, соопштуваат од Противпожарната служба на Грција, јави добисничката на МИА од Атина.
Пожарите на грчките острови Самос и Китира, денеска се ставени под контрола откако противпожарната служба на Грција цела ноќ се бореше со огнените јазици.
На Самос, во делот од отровот каде што изби пожарот, превентивно беа евакуирани неколку хотели, а туристите со автобуси беа пренесени во затворена спортска сала, каде што ја поминаа ноќта.
Под контрола се ставени и двата пожари на Пелопонез што избија вчера попладне, за кои Противпожарната служба на Грција уапси две лица, за намерно предизвикување пожари.
За три пожари на иста локација на Пелопонез, еден на 18 август и два вчера, уапсен е 43 годишен Грк под сомнение дека намерно ги предизвикал пожарите.
Под исто сомнение, за вчерашниот пожар во областа Месиниа на Пелопонез, уапсен е 47 годишен Грк.
Исто како и за изминатите денови, така и за денес и утре, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, предупредува за многу висока опасност од пожари во повеќе делови на земјата.
Ново на Сител
-
Брогдон ја заврши НБА-кариерата
-
Алкараз за неговата повреда: Мојот глужд е во ред, но сè уште играм со малку страв
-
Трамп: САД веќе се во трговска војна со Кина
-
Приведен 30-годишник за извршена тешка кражба
-
Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела
-
Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-
Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори
-
Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја