-->
-->
Во Италија запленети 1,8 тони албанска марихуана
-->

Италијанската полиција во акција спроведна во местото Тенека ди Молфета во регионот на Бари, заплени 1,8 тони марихуана, прошверцувана од Албанија.
Доколку дрогата би се нашла на нарко пазарот нејзината вредност би достигнала 13 милиони евра.
Според полициски извори, дрогата била натоварена во два камиона. Во акцијата се уапсени четири лица, двајца Италијанци и двајца Албанци, на возраст од 27 до 50 години.
Само ден претходно, припадниците на италијанската поморска полициска патрола во регионот на Пуља запленија 2,2 тона мархуана, исто така прошверцувана од Албанија.
Дрогата била откриена во напуштен чамец во непосредна близина на брегот. Вредноста на дрогата е проценета на 22 милони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
