Балкан
20. January 2016 - 21:13

Во Италија уапсени двајца Албанци со 93 килограми кокаин

Италијанската полиција запленила над 93 килограми кокаин и уапсила двајца албански државјани.

Според албанските медиуми, Албанците биле уапсени од полицијата додека се движеле со автобомил марка „форд куга“ при контрола во близина на границата со Австрија.

Полицајците констатирале дека нешто не во ред со двете лица, по што направиле детална контрола и во автомобилот била пронајдена дрогата. Уапсени се албанските државјани Г.Е.(34) и М.А.(42), се наведува во полициското соопштение.

Во соопштението се додава дека доколку дрогата се нашла на пазарот во дози, нејзината вредност би достигнала 18 милиони евра.